ПРОСТОР ЗА ТЕБЕ


Индивидуална психолошка поддршка

Преку лична и доверлива средба со психолог, индивидуалната психолошка поддршка е насочена кон истражување, разбирање и надминување на лични потешкотии. Обезбедува безбеден простор каде што клиентот може отворено да зборува, да ги истражи своите мисли и чувства, и да работи на личен раст.

Повеќе

Што вклучува:

  • Поддршка при емоционални тешкотии: анксиозност, тага, стрес, осаменост, ниска самодоверба
  • Разрешување на внатрешни конфликти и животни дилеми
  • Работа на самосвест, лични граници и самопочит
  • Поддршка при животни кризи: загуба, развод, промени, болест
  • Техники за ментално здравје прилагодени на потребите на клиентот

Вo „простор за тебе“ психологот ви овозможува сесија исполнета со разбирање, прифаќање и доверба – за клиентот да изгради автентичен однос со себе и да го најде својот пат кон мир, стабилност и промена.



Семејна и партнерска психолошка поддршка

Овој вид поддршка се фокусира на подобрување на односите и комуникацијата меѓу членовите на семејството или партнерскиот пар. Во сигурна атмосфера, семејствата добиваат можност отворено да разговараат, да развијат разбирање и да изградат здрава релациска динамика.

Повеќе

Што вклучува:

  • Поддршка при конфликти, недоразбирања и нарушена комуникација
  • Работа на емоционална поврзаност и доверба
  • Помош во кризни периоди: развод, загуба, родителство, болест
  • Поддршка при ментални или бихејвиорални предизвици кај членови од семејството
  • Работа со партнери, родители и деца во различни семејни конфигурации

Во „Простор за тебе“ психологот помага секој член на семејството да биде слушнат и разбран во процесот на вопсоставување, разбирање, постигнување стабилност и функционалност на односите во семејството .


Психолошка поддршка за деца и адолесценти

Детството и адолесценцијата се периоди исполнети со интензивни емоции, промени и предизвици. Во „Простор за тебе“ нудиме професионална психолошка поддршка прилагодена на возраста и потребите на детето, адолесцентото и младите личности во развој.

Повeќе

Што вклучува:

  • Помош при анксиозност, тага, осаменост или агресија
  • Поддршка при проблеми со внимание, адаптација, учење или врснички односи
  • Работа на самодоверба, идентитет и граници кај адолесценти
  • Поддршка при животни промени: развод, загуба, ново семејство, преселба
  • Советување и водење на родители за подобра поврзаност со детето

Нашиот пристап:

Во „Простор за тебе“ креиравме простор специјално наменет за деца каде преку игровна терапија, разговори, креативни методи и интегративен пристап базиран на доверба и емоционална сигурност ќе се постигне успех Работиме во соработка со родителите – затоа што промена се гради заедно. Секоја сесија е водена со почит, грижа и разбирање за го слушаме, гледаме и разбераме секое дете — такво какво што е.

Групна психолошка поддршка

Групната психолошка поддршка им овозможува на луѓето со слични животни искуства или предизвици да се поврзат, да разменат искуства и да добијат чувство на припадност. Групната динамика поттикнува личен раст и создава чувство дека не сте сами.

Повеќе

Што вклучува:

  • Тематски групи за: личен развој, родители, адолесценти, зависности, хронични состојби и други категории
  • Безбеден простор за споделување и емоционална поддршка
  • Размена на искуства и стратегии за справување
  • Поттикнување групна свесност и солидарност
  • Професионално водство за здрава и насочена групна динамика

Психологот во „Простор за тебе“ поседува искуство за работа во групи каде клиентите учат едни од други, добиваат охрабрување и развиваат нови начини на справување со предизвиците.

Онлајн психолошко советување

Во современиот динамичен живот, понекогаш физичката оддалеченост, обврските или здравствените состојби не дозволуваат лично присуство. Затоа, нудиме онлајн психолошко советување – флексибилна и доверлива алтернатива која ви овозможува да добиете стручна поддршка од удобноста на вашиот дом.

Повеќе

Што вклучува:
• Индивидуални онлајн сесии преку било која од познатите видео платформи по ваш избор (Google meet, Teams, Viber, WhatsUp, Zoom .. итн)
• Стручност, етика и поддршка како и при лична средба
• Можност за континуитет на терапијата при патување, престој во странство или физичка неможност

Онлајн советувањето е особено погодно за:
• Луѓе кои живеат надвор од Скопје или Северна Македонија
• Лица со ограничена мобилност
Секоја сесија се спроведува во доверлива, безбедна и емпатична средина, со почитување на сите етички стандарди на психолошката пракса.

Развојни интерактивни сесии за деца и млади

Во Простор за тебе нудиме проширена  индивидуална услуга за  деца, која ги надминува рамките на класичната психолошка сеанса. Oваа услуга е наменета за деца кои имаат потреба од подолготрајни и практични активности во насока на социо-емоционален развој. Сесиите се реализираат исклучиво по претходен договор со родителите со јасно утврдени цели и рамки на работа. Наменети се за деца со типичен и атипичен развој. Сесиите се прилагодени на развојните потреби на детето.

Повеќе

Што вклучува:

-структуриран но и природен поддржувачки пристап на работа и активности:

-подолг престој, разговор и консултативна работа во природна средина

-прошетка и интеракција во реални социјални контексти (парк, книжарница, кино ,слаткарница итн)

-гледање на едукативни или терапевтски соодветни содржини

-игри, социјални активности, вежби за комуникациски вештини, вежби за усвојување на одредени вештини итн.

Целта на сесиите е да се унапреди и поддржи психосоцијалниот развој, емоционалната регулација, адаптивно однесување, унапредување и практична примена на научените вештини во социјална средина.

Сите активности се рерализирани и водени од страна на психологот.

Контакт

(389) 78 321 590
info.prostorzatebe@gmail.com

Владимир Комаров 29 3/2
Скопје, 1000
Северна Македонија

← Back

Вашата порака е успрешно испратена. Ќе ве контактираме наскоро