Психолог и психолошка поддршка 

Да бидеме слушнати без осуда е човечка потреба. 

Секој од нас понекогаш се соочува со кризен период, или се измачува со мисли и чувства кои го“преплавуваат“ и вриштат од внатре сакајќи да бидат споделени со некој. И додека секојдневно пиеме кафе со пријател или роднина, остваруваме долги телефонски разговори на теми што често се неважни, и поминуваме часови со телефонот во раце на социјалните мрежи ретко си го даваме времето за себе и со себе. Исполнети со лично незадоволство, неизкажани зборови, неизживеани настани и површински односи со другите тонеме во нашата самотија.

Што ќе се случи ако споделам како се чувствувам !? 

На дел од луѓето можеби нема да им биде важно после разговорот, другата половина лажно ќе ве утеши и поддржи или ќе го избегнат разговорот незнаејќи како да возвратат!? Или  можеби едноставно не сакате да ги споделите вашите длабоки и интими аспекти со најблиските.

Психолошката поддршка е процес во кој професионалец психолог ја исполнува токму оваа човечка потреба: да бидеш важен, слушнат и разбран без осуда и  безусловно прифатен. 

Улогата на психологот

Психологот е професионалец кои го проучува и анализира човековото однесување, емоциите и менталните процеси. Психологот е едуциран да ги препознае, разбере и да работи со проблеми  поврзани со менталното здравје на поединците. Професионално се надградува преку обуки, семнираи, едукации каде го продлабочува своето знање и практично искуство за да биде во “позитивна служба„ на поединците и нивните потреби. Психологот знае и може да понуди стручна и етичка поддршка.

Психологот работи според принципите на добротворност, професионалност и одговорност, интегритет, безусловно прифаќање и почитување на достоинството на луѓето. Преку емпатична комуникација се формира заеднички однос низ кој клиентот може да дојде до одговори на многу лични и суштински прашања за него.

„Психолошката поддршка претставува процес на обезбедување емпатска, стручна и структурирана помош со цел подобрување на менталното здравје, справување со стрес, емоционални предизвици и поттикнување на психолошка благосостојба.“— World Health Organization (WHO), Inter-Agency Standing Committee (IASC), 2007

Предмет на психолошка поддршка може да биде секое прашање, мисла или однесување кои го измачуваат човекот во тој момент. Тоа може да бидат лични, релациски, семејни или егзистенцијални теми од сегашноста и настани од минатото кои имаат влијание и денес. Полето за работа не го одредува психологот, туку личноста која бара поддршка.

Како да знам кога ми е потребна психолошка поддршка!?

Психолошка поддршка е потребна во моменти кога се чувствуваш „заглавен“ со себе и не можеш да пронајдеш начин да се чувсвуваш свој.

Со посета на психолог можеш на себе си да си дадеш:

  • Подлабоко разбирање на твоите мисли, чувства и однесувања
  • Емоционална и ментална стабилност кога доживуваш вознемиреност или се соочувааш со животни предизвици
  • Да се справиш со тешки ситуации, да развиеш  психолошка отпорност и да ја подобриш својата целокупна благосостојба
  • Подобро да се разбереш себеси и своите реалции
  • Да ги намалиш или елиминираш факторите на стрес
  • Да донесеш поефикасни избори и да ги подобриш своите напори за донесување одлуки
  • Да стекнеш автентичност на својата личност која ќе биде во склад со твоите однесувања и акции

Дозволи си да бидеш поддржан! Затоа што тоа значи да живееш подобро со себе, со другите и во светот!

Контактирај не доколку во тебе се роди желба за промена и раст.

Leave a comment