Како да изградиш здрава врска со себе си

Кога последен пат се стави себе си на прво место!?

Љубов кон себе (self-love) е популарен концепт денес. Но што всушност значи и колку вистински се живее самољубовта што толку се промовира денес!?

Љубовта кон себе опфаќа позитивен поглед за себе,самопочит, вреднување и сакање на себе си. Тоа значи да си простиме за направените грешки, да се прифатиме и да си дадеме само-поддршкa .

Љубовта кон себе се потпира на три клучни темели:самосвест, самоприфакање и грижа за себе.

Препознавање, разбирање и прифаќање на  сопствените мисли, чувства и однесувања е камен-темелник за сакање на себе си. Важно е да  бидеш свесен за твоето јас и да фунционираш автентично во согласност со твоите желби, потреби и избори. Тоа не подразбира “добра и прифатлива“ опшествена слика за другите и пред другите. Туку развивање на искрена длабока врска со себе си, како најважна пред сите други врски кои се развиваат со околината.

Најважна врска е врската со себе си.

Кога си свесен за своите позитивни и негативни аскпети од себе си, и ги прифаќаш како свои тогаш можеш и да си простиш за грешките кои ги правиш. Нежениот пристап кон себе си значи прифаќање на сите аспекти од својата личност без осуда.

Научи да бидеш најдобар пријател на себе си!

Грижата за себе подразабира грижа  за физичкото, емоционалното  и  ментално здравје. Да си дадеш приоритет на грижата за себе е главен доказ за самољубов. Тоа вклучува активности кои ви носат мир и спокој, внатрешна радост и мотив за да бидеш најдобрата верзија од себе. Физички активности, дружење, време за одмор и релаксација, негување на сопственото тело и ум се благодет кој може да си го даде личноста која се сака себе и знае дека тоа го заслужува.

Што се случува кога недостига љубов кон себе !?

Денес сретнуваме многу луѓе кои изгледаат добро, на некој начин живеат добро и функционираат добро. Тие се “признати“ од нивната околина како добри. Но нивната животна енегргија, радост исполнетост со себе како да ја нема, отсуствува или никогаш и не се развила со цел потенцијал. 

Начинот како постапуваме со себе и како се однесуваме кон нас самите е еден од најважните можеби и најважаниот фактор за  лична среќа.

Љубовта кон себе ги поставува основите на самодоверба, верување и потврдување на идентитетот во согласност со сопствените желби и потреби, воспоставување граници, негување на здрави релации, и следење на личните интереси со чувство на гордост за тоа кој сум јас. Љубовта за себе е здрава форма на самопочит која се  разликува од нарцизмот.

Личноста која нема доволно љубов за себе е подложна на влијанието од другите, зависи во голема мера од мислењето на другите, почуствителна е на критики од околината, има развиено висок степен на перфекционизам и тенденција да ги задоволува другите. Ги знемарува сопствените потреби, тешко си простува на себе и има чувство дека не е достојна за сопствената љубов.

Важно е да знаеме дека љубовта кон себе е долго патување која ќе не одведи до нас самите. Негување на нас самите не води до промена кој ни носи насмевка на лицето, среќа и исполнетос за тоа која сум јас.

Улогата на стручната помош (психолошка подршка)

Професионалците за ментално здравје може да понудат помош и поддршка во вашето патување кон сакање на себе. Хронично ниска самодовраба, правење неавтентични избори за себе, перфекционизам или длабоко вкоренети незавршени работи во вас се пречки на вашиот пат за самољубов. Професионлната поддршка може да ви обезбеди алатки и стратегии како да изградите поздрав однос со себе си. 

Ако сакате да ја продлабочите врската со себе и да ја зголемите љубовта кон сопственото Јас, слободно контактирајте не.

Не заборавајте дека секој од нас заслужува да си го даде најдоброто !

Leave a comment