Развојот на детето би требало да е пропратен со љубов, грижа, внимание, присутност и сигурност од страна на родителите и другите значајни возрасни што се дел од процесот на растење и созревање. Разбирање на физичкиот и на психичкиот развој на детето е неизоставен дел.
Се она што детето чувствува, што доживува и што му е потребно од нас во одредени моменти е основна рамка за создавање на емоционална сигурност. Природно и полесно е да ги разбереме позитивните емоции кај детето и причните за нив. Но колку даваме простор за разбирање на емцоиите кои и не се толку пријатни а се присутни. Лутината, бесот, фрустрацијата, тагата се чувства кои не секогаш знаеме да ги препознаеме и соодветно да ги изразиме. Можеби не знаеме или не сме имале можност да научиме на друг начин па едноставно ги изразуваме преку импулсивно однесување односно агресија.
Агресијата е вроден биолошки инстинкт кој ни служи за преживување,заштита и доминација. Таа е насочено однесување кое има за цел психички или физички да го повреди другиот.
Развој и манифестација на агресијата кај децата
Агресијата кај децата претставува сложен психолошки и развоен феномен кој се појавува како дел од нормалниот развој. Агресијата не е “само лошо однесување“ на детето туку начин на изразување на внатрешната емоционална состојба. Во позадината на лошото однесување стои незадоволена емоционална потреба за внимание, сигурност, припагање, доминација. Овие потреби се проследени со чувство на љубмора, лутина, тага, бес,безпомошност, разочараност итн.
Агресијата кај децата најчесто е симптом, а не суштински проблем. Таа сигнализира дека детето се соочува со емоционален товар што не знае да го изрази на зрел начин. Затоа се манифестира преку агресија. Како децата растат агресијата се зголемува и се појавува во различна форма .
Агресија во рано детство
Кај малите деца агресијата е примитивен обид за комуникација затоа што немаат развиено вербални и емоционални вештини за да ги иразат своите потреби. Едно дете наместо да ни каже „тешко ми е“ „повреден сум“ „лут сум“ тоа се однесува агресивно. Пример: дете кое сака да добие нова играчка во продавница но не му ја купиле. Детето нема капацитет вербално да ја побара, емоционално да ја одложи желбата за да ја добие и да ги именува и правилно изрази интензивните чувства на тага и лутина кој се јавуваат во тој момент. Почнува да плаче, да фрла наоколу, ја удира мајката, легнува на земја итн.
Во оваа фаза на рано детство (2-6 години) агресијата најчесто е импулсивна и физичка. Детето реагира моментално импулсивно не со намера да повреди туку најчесто како израз на немоќ да ја регулира емоцијата која во моментот ја чувствува.
Агресија во средно детство
Како детето расте постепено учи социјално, прифатливи модели на однесување. Во средното детство (од 7до12 години) кога оди на училиште агресијата станува по контролирана и социјално насочена. Детето учи и може да се контролира во одредени ситуации кога нешто не му се допаѓа или е прекорено од учителката, или е отфрлено од некое другарче или е гладно и жедно, може да издржи и да даде еден поинаков одговор на неговата нелагодност.
Во овој период се јавува вербална агресија (навреди и закани). Исклучување на некое дете од група, манипулација со другарства. Детето веќе ги разбира социјалните односи и посвесно ја користи агресијата за да добие моќ и статус. Пример: Дете кое не е прифатено во некоја група може да биде агресивно кон тие деца со цел да се плашат од него и да добие моќ и статус. Пробува на некој неадекватен начин да се поврзи и комуницира со другите.
Агресија во адолесценција
И во оваа фаза на развој во позадината на агресијата стојат незадоволени емоционални потреби и внатрешни конфликти поврзани со чувство на несигурност, страв од отфрлање, ниска самодоверба, неприфаќање. Агресијата најчесто се изразува вербално и релациски. Може да се манифестира преку сакразам, пасивна агресија, непризнавање на авторитет, бунт или повлкување во себе итн. Агресивното однесувањето може да биде насочено кон врсниците или околинта, но и кон самите себе.
Доколку средината не обезбеди за детето сигурност, јасни граници и емотивна поддршка, агресивното однесување може да стане научен модел на справување со стрес или конфликти.
Причини за зголемена агресија
Агресијата е комбинација на повеќе од една причина.Агресивното дете најчесто се чувствува безпомошно. Тоа може да се должи на
- Неразвиена емоционална регулација односно немање немаат капацитет да ги препознаат именуваат и соодветно да ги изразат и контролираат своите силни емоции па затоа децата агресивно реагираат наместо да зборуваат
- Семeјна средина каде децата учат по модел, а агресијта е научено однесување преку надблудување, имитација и засилување. Ако се заменува разговорот со викање, објаснувањето со закани, физичко казнување, лоша комуникација и несоодветни стратегии како начин на решавање на конфликтите децата го присвојуваат тој модел на однесување. Недостиг на внимание, емоционална дистанца од родителите, недоследни гарници или несигурна и нестабилна атмосфера, го поттикнуваат агресивното однесување на детето како начин за комуникација на незадоволените емоционaлни потреби за ред и стуктура во неговото функционирање.
- Врснички односи- нови пријателства, отфрлање, исмејување, булинг доведува до тоа детето да ја користи агресијата за да добие статус и конторла врз ситуацијата.
- Стрес и преоптовареност- Темпото на живот кое го има семејството се одразаува и на детето и неговата реакција на истото. Преполн распоред со активности после градинка или училиште, работа на родителите во смени, промена на повеќе згрижувачи на детето, чести патувања, уморот и исцрпеноста без доволно одмор во домот со семјството го активираат стресот и агресијата како повик за забавеност и послободно време за детето.
- Екрани и медиуми-прекумерна изложеност на детето пред екраните ја намалува комуникацијата и емпатијата со семејството и ја зголемува импулсивноста. Насилните содржини кои се користат особено во видеоигрите ја поттикнуваат агресијата на начин што детето учи дека со сила и моќ се доаѓа до успех и доминација.
- Темперамент и биолошки фактори-некои деца по природа се поимпулсивни, со понизок прак на толеранција додека други се посензитивни и повеќе реагираат на критика од околината.Стекнување на вештини за саморегулација во овие случаеви ќе го намали степенот на агресивност.
- Потешкотии во развој кои вклучуваат говорно-јазични проблеми (детето не може да се искаже), проблеми со внимание и импулсивност,сензорна преосетливост итн. Се причини за агресивно однесување во одредени ситуации.
Агресијата не го прави “лошо“вашето дете и незначи неупех на родителот. Агресивното дете има и позитивни аспекти во себе кои потребно е да ги признаеме, да ги истакнеме и да ги наградиме. На тој начин детето добива чувство на вредност и прифатеност со желба за промена.
Надминувањето на агресијата кај децата и адолесцентите не значи нејзино потиснување, туку разбирање, насочување и учење здрави и ненасилни начини за изразување на емоциите. Клучна улога имаат возрасните како модели, поддршката која ја добиваат и околината во која функционираат.
Психолошка поддршка и за децата и за родителите е добар чекор за справување со агресијата.

Напишете коментар