Во време кога стресот, анксиозноста и неизвесноста стануваат секојдневие, грижата за менталното здравје повеќе не е избор, туку потреба. Сѐ повеќе луѓе се соочуваат со предизвици поврзани со личниот развој, семејните односи, родителството, партнерските релации и сопствената внатрешна рамнотежа.
За улогата на психологот денес, за значењето на Гешталт пристапот и за тоа зошто е важно секој да си даде „простор за себе“, разговараме со Марија Чурукоска – лиценциран психолог и гешталт советувач со повеќе од една деценија искуство во областа на менталното здравје. Преку индивидуална, семејна и групна психолошка поддршка, таа создава безбеден и доверлив простор каде клиентите можат да бидат слушнати, разбрани и охрабрени да направат чекор кон промена.
Во продолжение, Марија отворено зборува за својата професионална мисија, за предизвиците со кои се соочуваат различни генерации и за тоа зошто психолошката поддршка не е слабост – туку храброст.
Кога и како одлучивте дека психологијата ќе биде Вашиот животен и професионален пат?
Тоа беше едноставна, спонтана и брза одлука. Воопшто не размислував за друга опција. Знаев дека тоа сакам да го студирам иако не знав на 19 години што се опфаќа областа на психологија ниту едукативно ниту професионално. Гледајки од денес наназад со годините најчесто сум била таа која се обидува сите да ги разбере да најде причина за да ги оправда, а не да ги осуди. Без разлика дали станувало збор за семејни проблеми, проблеми во друштво или работна средина секогаш сум била медијатор помеѓу двете страни. И многу природно и лесно ми доаѓа да се ставам на позиција на другиот да размислувам за неговите мисли, однесувања, чувства и да најдам причина за неговите постапки се со цел да му помогнам. Тоа во суштина и денес е моја професија која ја работам со голема страст.
Вие сте лиценциран психолог и гешталт советувач. Како Гешталт пристапот во вашата работа им помага на клиентите/луѓето да се разберат себе си , да развијат поголема свесност и да ги надминат работите што за нив останеле “незавршени“?
Човекот претстваува една целина од мисли, емоции и однесувања. Тој е во постојан контакт со самиот себе и со околината. Согласно оваа идеја на Гешталт пристапот ние луѓето сме целосно интегрирани битија во постојан однос со средината во која живееме. Искуствата кои сега ги доживуваме, свесноста и одговорноста за нив, контактот со околината кој постојано се воспоставува и се пркеинува се клучни елементи во работа со Гешталт пристапот. Користејќи жив, автентичен и рамноправен дијалог, терапевтот и клиентот остваруваат релација каде фокусот е ставен на доживувањата во сегаштиот момент и на завршување и интеграција на „незавршените работи“.
Работите со возрасни, деца, адолесценти, парови и семејства. Дали проблемите со кои се соочуваат различните генерации се разликуваат, или во суштина сите се борат со слични внатрешни прашања?
Потребата да бидеме сакани, разбрани, вреднувани и емоционално прифатени од другите е универзална човечка потреба. Присутна е и кај децата, адолесцентите, возразните и паровите. Потребата се појавува кај сите набројани категории во различна форма. Децата проблемите кои ги доживуваат ги манифестираат преку однесување и емоционлани реакции, адолесцентите одговараат на тоа со непочитување на авторитет, тестирање на граници, борба за сопствен идентитет и чувството на припадност. Возрасните проблемите ги изразуваат преку состојби на хроничен стрес, конфликти, емоционалн дистанца и тешкотии во односите со другите. Па би рекла дека генерациски проблемите се исти или многу слични како и на генерациите пред нас. Се разликуваат според начинот на изразување во зависност од возраста и животната фаза.
Денес сè повеќе се зборува за стрес, анксиозност и депресија. Дали сметате дека овие состојби се во пораст, или луѓето едноставно почнуваат повеќе да зборуваат за нив?
Би кажала и двата фактори се подеднакво важни за подигнување на свеста за овие состојби и потребата од психолошка поддршка за справување со истите. Стилот и темпото на живот кој денес го живее често знае да не доведе до состјба на излорианост и емоционална преоптовареност. Колку повеќе живееме „онлине“ на интрнет, толку повеќе се исклучуваме од реалниот живот и поврзаноста со другите. Желбата за статус, доминација и афирмација во сите животни улоги (кариера, семејство, социјален и личен статус) се природна потреба, но постојано движење кон тие цели без баланс ја зголемува состојабата на стрес, лично незадовлоство и чувство на неоствареност.
Со нагласување на овие притисоци следствено се нагласува и потребата за поддршка во ситуации кога се чувствуваме „заглавени„ и нашите лични потенцијали не се доволни за да дојдеме до решение или излез. Мене ми е особено мило кога луѓето, особено младите ја препознаваат важноста од работа на себе, личен раст и развој и тоа што постета на психолог им станува нормлна и приофатлива пракса.
Често постои предрасуда дека кај психолог одат „само оние што имаат сериозен проблем“. Како би им објасниле на луѓето кога е вистинскиот момент да се побара помош?
Она што за некој е серозен проблем, за друг е само „мала работа“’ и обратно. Вистинскиот момент за психолошка поддршка го одредуваме ние самите. На начин кога ќе обрнеме внимание на нашите потреби, ќе го слушнеме нашето тело и ќе согледаме што е она што нас ни претставува предизвик. Предизвик може да бидат емоциите со кои тешко се справуваме (тага, болка, чувство на безизлезност, лутина, итн.) проблеми кои постојано се повторуваат (дома,работно место или односи со околината), кога нешто постојано те измачува (стрес, немир, празнина) или кога едноставно сакаш да работиш на себе да се запознаеш подобро со твоите мисли, чувства и однесувања кои те водат кон промена и личен раст и развој. И секако кога има реални сериозни состојби кои влијаат на ментално здравје (развод, траума,преселба, напади на паника, анксиозност итн.) Одењето на психолог не значи дека нешто не е во ред со вас,туку дека сакате да биде подобро.
Имате искуство и со пациенти со карцином и работа во психијатриска установа. Како овие искуства ве обликуваа како професионалец и како човек?
Овие искуства длабоко ме променија како професионалец и како човек и уште еднаш си ја потврдив љубовта кон мојата работа. Моите искуства од работа во психијатриска установа ме научија дека зад секоја “дијагноза“ стои човек со своја животна приказна, стравови, и надежи. Работата со пациенти со карцином ми помогна да согледам колку ние си го сакаме животот кога можеби ни се заканува крајот. Колку е важна емпатијата, поддршката и присутноста во моменти на страв, неизвесност и борба. Преку овие искуства уште еднаш си докажав дека работата како психолог не само професија туку повик кон разбирање на комплексноста на човечката психа, поддршка и раст.
„Простор за тебе“ – самиот назив носи силна порака. Како се роди идејата за овој психолошки кабинет и што го прави различен?
Со отворање на психолошкиот кабинет “Простор за тебе“ си дадов простор за оставрување на мојот долгогодишен сон-да создадам место каде мојата, желба енергија и посветеност кон професијата ќе се соединат во една целина.Просторот каде може да се чувствуваш свој и автентичен на себе, да ги согледаш своите потенцијали и да ги искористиш како ресурс за позитвина промена во својот животот. Комбинацијата од топлина, стручна и професионална поддршка од моја страна се печат на овој кабинет.
Што би им порачале на луѓето кои чувствуваат дека им е потребна поддршка, но сè уште се двоумат да го направат првиот чекор?
Да не се двоумат кога се работи за нив и нивната благосостојба. Иако двоуменњето е нормален процес пропратен со став од непознато, од осуда, од изложување пред непознат и од тоа што ќе се случува. Потребно е ние луѓето да си дадеме време и простор за нас и за еден разговор со професионалец кој ќе ни помогне да се чусвствуваме и да дејствуваме подобро. Затоа што тоа не е не прави слаби напротив не прави храбри и одлучни во љубовта и грижата за нас самите.
лју до оригиналниот артикл.


Напишете коментар