Кои сме ние
„Простор за тебе“ е психолошки кабинет посветен на грижата за менталното здравје на секој клиент. Обезбедуваме индивидуална, семејна и групна психолошка поддршка, прилагодена на потребите на:
- возрасни,
- парови
- деца, адолесценти и нивните семјства
Веруваме дека секој човек заслужува простор за раст, промена и прифаќање. Со професионален пристап, создаваме безбеден, доверлив и поддржувачки простор – каде што секој може да биде слушнат, разбран и охрабрен да го направи следниот чекор кон себе.
Нашата Мисија
Нашата мисија е да обезбедиме простор на сигурност, прифаќање и разбирање, каде што клиентите ќе можат да го започнат своето патување кон личен и релациски развој. Во топла, емпатична и доверлива атмосфера, заедно го градиме патот кон свесна промена, рамнотежа и подобар животен квалитет.
Нашите вредности
- Почит и емпатија
- Доверливост и сигурност
- Професионалност и континуиран развој

