Психолог

Марија Чурукоска

Јас сум лиценциран психолог и гешталт советувач со повеќе од 10 години работно искуство во областа на менталното здравје. Мојата работа e насочена на психолошко советување на возрасни, семејства, адолесценти и деца. Го следам Гешталт пристапот – фокусирајќи се на овде и сега“, создавајќи безбеден простор и топла атмосфера во која клиентите можат да изградат автентичен однос со себе, да развијат свесност за сегашниот момент и да добијат поддршка без осудување – како темел за секоја вистинска промена.

Во пoлето на мојата работа се опфатени

  • индивидуална психолошка поддршка
  • семејна и партнерска психолошка поддршка
  • групна психолошка поддршка за различни општествени групи

Мојот пристап е интегративен, емпатичен и индивидуално прилагоден. Без разлика дали се работи еден-на-еден или во групна динамика посветеноста и професионалноста се печат на мојата работа. Континуирано го надоградувам моето знаење во различни области од психологијата.

Мојот личен развој е исто толку важен како и мојот професионален раст. Mojaта работа е водена од искрена желба да им помогнам на луѓето да стекнат подлабоко разбирање за себе, да го пронајдат својот внатрешен мир и да го подобрат квалитетот на својот живот.

Верувам дека секој има право да си даде простор и време за поддршка, раст и промена– а моја улога е да бидам тука низ тој процес.