Услуги
Индивидуална психолошка поддршка
Преку лична и доверлива средба со психолог, индивидуалната психолошка поддршка е насочена кон истражување, разбирање и надминување на лични потешкотии. Обезбедува безбеден простор каде што клиентот може отворено да зборува, да ги истражи своите мисли и чувства, и да работи на личен раст.
Повеќе
Што вклучува:
- Поддршка при емоционални тешкотии: анксиозност, тага, стрес, осаменост, ниска самодоверба
- Разрешување на внатрешни конфликти и животни дилеми
- Работа на самосвест, лични граници и самопочит
- Поддршка при животни кризи: загуба, развод, промени, болест
- Техники за ментално здравје прилагодени на потребите на клиентот
Вo „простор за тебе“ психологот ви овозможува сесија исполнета со разбирање, прифаќање и доверба – за клиентот да изгради автентичен однос со себе и да го најде својот пат кон мир, стабилност и промена.
Семејна и партнерска психолошка поддршка
Овој вид поддршка се фокусира на подобрување на односите и комуникацијата меѓу членовите на семејството или партнерскиот пар. Во сигурна атмосфера, семејствата добиваат можност отворено да разговараат, да развијат разбирање и да изградат здрава релациска динамика.
Повеќе
Што вклучува:
- Поддршка при конфликти, недоразбирања и нарушена комуникација
- Работа на емоционална поврзаност и доверба
- Помош во кризни периоди: развод, загуба, родителство, болест
- Поддршка при ментални или бихејвиорални предизвици кај членови од семејството
- Работа со партнери, родители и деца во различни семејни конфигурации
Во „Простор за тебе“ психологот помага секој член на семејството да биде слушнат и разбран во процесот на вопсоставување, разбирање, постигнување стабилност и функционалност на односите во семејството .
Психолошка поддршка за деца и адолесценти
Детството и адолесценцијата се периоди исполнети со интензивни емоции, промени и предизвици. Во „Простор за тебе“ нудиме професионална психолошка поддршка прилагодена на возраста и потребите на детето, адолесцентото и младите личности во развој.
Повeќе
Што вклучува:
- Помош при анксиозност, тага, осаменост или агресија
- Поддршка при проблеми со внимание, адаптација, учење или врснички односи
- Работа на самодоверба, идентитет и граници кај адолесценти
- Поддршка при животни промени: развод, загуба, ново семејство, преселба
- Советување и водење на родители за подобра поврзаност со детето
Нашиот пристап:
Во „Простор за тебе“ креиравме простор специјално наменет за деца каде преку игровна терапија, разговори, креативни методи и интегративен пристап базиран на доверба и емоционална сигурност ќе се постигне успех Работиме во соработка со родителите – затоа што промена се гради заедно. Секоја сесија е водена со почит, грижа и разбирање за го слушаме, гледаме и разбераме секое дете — такво какво што е.
Групна психолошка поддршка
Групната психолошка поддршка им овозможува на луѓето со слични животни искуства или предизвици да се поврзат, да разменат искуства и да добијат чувство на припадност. Групната динамика поттикнува личен раст и создава чувство дека не сте сами.
Повеќе
Што вклучува:
- Тематски групи за: личен развој, родители, адолесценти, зависности, хронични состојби и други категории
- Безбеден простор за споделување и емоционална поддршка
- Размена на искуства и стратегии за справување
- Поттикнување групна свесност и солидарност
- Професионално водство за здрава и насочена групна динамика
Психологот во „Простор за тебе“ поседува искуство за работа во групи каде клиентите учат едни од други, добиваат охрабрување и развиваат нови начини на справување со предизвиците.
Онлајн психолошко советување
Во современиот динамичен живот, понекогаш физичката оддалеченост, обврските или здравствените состојби не дозволуваат лично присуство. Затоа, нудиме онлајн психолошко советување – флексибилна и доверлива алтернатива која ви овозможува да добиете стручна поддршка од удобноста на вашиот дом.
Повеќе
Што вклучува:
• Индивидуални онлајн сесии преку било која од познатите видео платформи по ваш избор (Google meet, Teams, Viber, WhatsUp, Zoom .. итн)
• Стручност, етика и поддршка како и при лична средба
• Можност за континуитет на терапијата при патување, престој во странство или физичка неможност
Онлајн советувањето е особено погодно за:
• Луѓе кои живеат надвор од Скопје или Северна Македонија
• Лица со ограничена мобилност
Секоја сесија се спроведува во доверлива, безбедна и емпатична средина, со почитување на сите етички стандарди на психолошката пракса.
Развојни интерактивни сесии за деца и млади
Во Простор за тебе нудиме проширена индивидуална услуга за деца, која ги надминува рамките на класичната психолошка сеанса. Oваа услуга е наменета за деца кои имаат потреба од подолготрајни и практични активности во насока на социо-емоционален развој. Сесиите се реализираат исклучиво по претходен договор со родителите со јасно утврдени цели и рамки на работа. Наменети се за деца со типичен и атипичен развој. Сесиите се прилагодени на развојните потреби на детето.
Повеќе
Што вклучува:
-структуриран но и природен поддржувачки пристап на работа и активности:
-подолг престој, разговор и консултативна работа во природна средина
-прошетка и интеракција во реални социјални контексти (парк, книжарница, кино ,слаткарница итн)
-гледање на едукативни или терапевтски соодветни содржини
-игри, социјални активности, вежби за комуникациски вештини, вежби за усвојување на одредени вештини итн.
Целта на сесиите е да се унапреди и поддржи психосоцијалниот развој, емоционалната регулација, адаптивно однесување, унапредување и практична примена на научените вештини во социјална средина.
Сите активности се рерализирани и водени од страна на психологот.
